Категории

Се ближи денот на вљубените: Кој бил Свети Валентајн?

Се наближува еден од популарните празници којшто се слави низ целиот свет, Свети Валентајн или Денот на вљубените. 

Се слави на 14-тиот ден од месецот февруари, ден кога партнерите ја искажуваат својата љубов еден кон друг, ден на љубов и романса. 

Легендата вели дека Валентај бил христијански маченик којшто живеел во текот на римската империја.

Според приказната, Свети Валентај се спротивставил на наредбата на царот Клаудиус втори со која се забранувале бракови за млади мажи.

Им било забранувано да склучуваат бракови бидејќи царот верувал дека доколку не стапат во брак, тие ќе бидат подобри војници.

Свети Валентајн склучувал бракови во тајност, што довело до негово апсење и егзекуција.

Според друга приказна, Валентајн ја испратил првата честитка за Денот на вљубените.

Со текот на времето овој ден еволуирал во ден за прослава на љубовта кога паровите си подаруваат подароци, одат на романтична вечера и си разменуваат љубовни писма.