Категории

Сè додека гледаме во минатите поглавја, книгата за нашите животи ќе остане недопишана

Храброст е да ги испуштите работите што ви го повредуваат срцето. Но, тоа е илјада пати полесно да се каже отколку да се направи!

Ослободете ги луѓето што се само на минување, кои се таму затоа што ги потсетувате на некого, затоа што можете да им понудите нешто, затоа што не ги повредувате како другите. Оставете ги луѓето што доаѓаат сега и потоа пуштете ги да одат да пронајдат со кого срцето им чука посилно, кои ставаат на вагат што можат да добијат од вас и што ќе изгубат во ваша близина. Пуштете ги луѓето што се моментално тука затоа што не можат да бидат таму каде што сакаат. Не се приврзувајте за нив, сите ќе заминат порано или подоцна кога ќе се појави можност. Ослободете се од тие лажни надежи дека утрешниот ден ќе донесе подобри работи и односи без оглед што сте направиле, ослободете се од и оние работи што ги имате и во кои можете да се опуштите и да не размислувате за студенилото и суровоста на животот затоа што сè што имате денес утре може да ви биде одземено. Кога ќе го врзете срцето за тоа, ќе ве повреди толку многу и нема да има ништо што ќе може да ја намали таа болка освен да се врзете за други работи и да го поминете истиот пат од самиот почеток.

Ослободете се од оние настани низ кои сте поминале, изгубените битки на кои постојано се враќате на размислување за тоа како би било кога би се однесувале поинаку. Храброст е да се испуштат работите што ви го повредуваат срцето затоа што срцето лесно се приврзува за болката што траела во минатото и продолжува кон иднината. Дури и некој убав момент станува болен затоа што го нема повеќе. Но, тие ситници го сочинуваат нашето срце. Но, штом еднаш треба да го пресечете, затворете го старото поглавје од животната приказна, свртете ја страницата и започнете да пишувате нова приказна. Сè додека гледаме во минатите поглавја, книгата за нашите животи застанува таму каде што сме застанале. Да свртиме напред и да ги оставиме работите што болат, назад!

Прегледи:
560
Објавено на:
11.02.2021