Категории

Се одлучив за љубов, омразата е преголем терет за мене: Најсилните цитати на Мартин Лутер Кинг!

Добитникот на Нобелова награда и борецот за човековите права остави голема трага во историјата, а неговите цитати денес имаат иста тежина. Мартин Лутер Кинг бил борец за граѓанските права во текот на 50-тите и 60-тоте години од минатиот век. Ги предводел ненасилните простести и се борел за правата на сите граѓани, без обзир на расата.

Прогласен за еден од најдобрите говорници, неговите говори и цитати и ден денес носат иста тежина и сила.

За љубовта:

„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлоста може да го направи тоа. Омразата не може да ја избрка омразата, само љубовта може.“

„Љубовта е единствената сила која непријателот може да го претвори во пријател.“
„Одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем терет кој мора да се носи на грбот.“

За вербата:

„Вербата е да го направиш првиот чекор, иако не ги гледаш скалите до крај.“

„Мора да го прифатиме разочарувањето, но не смееме никогаш да ја напуштиме бескрајната надеж.“

„Да бидеш христијан без молитва не е ништо поразлично од тоа да бидеш жив без дишење.“

За животот:

„Постојаното и најважно животно прашање е: Што правиш за другите?“

„Човекот кој не е подготвен да умре поради нешто, не е подготвен ни да живее.“

„Нашите животи почнуваат да завршуваат оној ден кога ќе почнеме да молчиме за важните нешта.“

„Секогаш е вистинско време да се направи она што е треба да се направи.“

„Ако не можеш да леташ – трчај, ако не можеш да трчаш – оди, ако не можеш да одиш – ползи, но што и да правиш – мора да се движиш напред!“

„Не е најголема трагедија да умреш млад, туку да доживееш 75, а ништо да не проживееш.“

„Лагата е како топка снег: колку подолго се валка по земјата, толку е поголема, но кога ќе застане – се топи.“