Категории

Се отвора новото омилено место за нега на мажи: Центар за масажи во склоп на студиото La Sensa

Низ историјата, масажата се сметала за медицинска и терапевтска практика преку која се лечат одредени заболувања. Ослободување од стресот, релаксација, намалување на болката на одредени делови од телото, подобрување на квалитетот на сонот и зајакнување на имунолошкиот систем, се само дел од благодетите кои се резултат на масажата. Покрај жените кои почесто ги користат услугите во козметичките салони, мажите сѐ почесто посветуваат внимание на своето здравје и изглед. 

Сепак, за да се постигнат овие ефекти без разлика дали имате потреба од релакс или пак од медицинска масажа, она што е најважно е кому ќе ја дадете довербата за релаксирање и лекување на вашето тело.

За таа цел, во склоп на студиото за убавина La Sensa оваа сабота се отвора место каде што мажите ќе уживаат во големиот број на масажи препуштајќи се во рацете на врвни професионалци, а покрај масажи, ова студио нуди и педикир и депилација. Станува збор за Центарот за масажи за мажи кој се наоѓа веднаш до студиото за убавина La Sensa. Беспрекорна услуга, најголем избор на масажи, а сето тоа во неверојатно релаксирачки амбиент.

Во Центарот за масажи за мажи во зависност од тоа што ви е потребно, може да уживате во сите видови на релакс или пак медицински масажи по напорниот ден, сами или пак во придружба на драга личност. Спортска масажа, пилинг масажа, а за оние кои сакаат друштво тандем масажа. Доколку имате потреба од медицинска масажа, стручниот тим ќе се погрижи да ви ја овозможи потребната услуга, без разлика дали станува збор за медицинска, парцијална или антистрес масажа.

Освен масажи, во Центарот на мажи, машката популација може да ужива во класичен педикир, спа детокс педикир, како и депилација на грб, гради, стомак, пазуви, нозе, раце.

Мажите како и жените треба да се грижат за своето здравје и хигиена. Мажот кој се грижи за својот изглед секогаш е привлечен за жените и делува самоуверено и здраво. Здравјето и убавината се драгоцени, затоа грижата за нив препуштете им ја на најдобрите. Од оваа сабота мажите ќе добијат свое ново омилено место за релаксација, разубавување и опуштање. Центарот за масажи за мажи е сѐ што ви е потребно да ве ослободи од стресното секојдневие.