Категории

Се отвори првото специјализирано училиште за ментална аритметика во Македонија- „Малац Генијалац“

Во Македонија се отвори училиште за ментална аритметика- нова модерна метода која е тренд низ светот и преку која се постигнува целосен потенцијал на мозокот.

Училиштето за ментална аритметика „Малац Генијалац“, успешно ја спроведува програмата со која на соодветен начин се стимулираат детските способности од најраниот период. Hikari 光 менталната аритметика е револуционерна програма која ги активира церебралните хемисфери со користење на алатката абакус (Јап. прев. Соробан), со што се постигнува целосен потенцијал на мозокот. Програмата дава исклучителни развојни резултати, благодарение на феноменалниот јапонски метод развиен во соработка со најпознатите светски експерти.

Учењето се заснова на употребата на алатката за пресметување – Абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брза пресметка, каде што децата исклучиво мислат низ начинот на кој изведуваат неколку различни математички операции. Научните студии докажаа дека менталната аритметика претставува најдобра обука за мозокот.

Повеќето од денешните деца имаат проблем со недоволна концентрација и внимание. Најчестиот виновник за ова е современиот начин на живот и употребата на паметни уреди. Сепак, тоа не значи дека нашите деца се помалку способни за целосен интелектуален развој .Сите деца се раѓаат со неограничен потенцијал на нивниот ум, единственото прашање е дали оваа шанса ќе се користи или ќе биде трајно пропуштена.

„Малац Генијалац“ е франшиза со 95 училишта во 8 земји и со повеќе од 10 000 корисници. За првпат и децата од Македонија ќе имаат можност да учат ментална аритметика. Училиштата се наоѓаат во неколку населби во Скопје- Аеродром, Центар, Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, а часовите се одржуваат еднаш неделно.