Категории

Се плаши од брак – Јасни знаци кои покажуваат дека ТОЈ нема да намера да „клекне“

Стравот од брак можат да го имаат и мажите и жените, но најчесто се случува кај посилниот пол. Понекогаш тоа дека не сака обврска може да биде јасен знак дека едноставно вие не му сте толку важни.

Постојат случаеви оние кои имаат фобија од врзување, и така најмногу им одговара да имаат некој покрај себе, всушност самите одлучуваат колку сакаат другата страна да им се приближи.
Истовремено нивните партнери обично поминуваат низ фаза која вклучува преиспитување дали се воопшто сакани, дали партнерот манипулира со нив, до фаза на помирување со ситуацијата, обидување да го променат партнерот и болно раскинување.

Било да се работи за партнер кој не се труди доволно во врската, не сака да го направи следниот чекор – вселување, брак, или дете, иако имате убава врска, најчесто тие се емоционално недостапни луѓе кои поради негативните искуства или верувања околу себе градат ѕид.

Психолозите велат дека може да им се помогне, но само ако тие самите го сакаат тоа.

Ова се едни од најјасните знаци дека тој се плаши од врзување, и нема намера да ви предложи брак:

Не сака да го етикетира односот
Воздржувањето од нарекувањето на односот ‘врска’ е разбирливо во првите недели од врската. Меѓутоа, ако сте подолго време заедно, а тој сеуште не сака да го дефинира вашиот однос, тогаш тоа е јасен знак на предупредување.
Мажот кој е заљубен, подготвен е и способен за брак и нема да има проблем да ве нарече своја партнерка и да направи чекор понатаму.

Нејасен е во текот на разговорите околу иднината
Кога сте во врска со некој, природно е да разговарате за иднината. Како времето поминува, разговорот е нешто што станува се поважно.
Ако сте во врска со маж кој постојано ја менува темата, нејасен е или на друг начин – избегнува да разговара за иднината, верувајте дека тој не ни размислува за брачен живот со вас.
Ако ја избегнува темата за бракот, можно е да сака да ви даде до знаење да не се надевате.

Не ги познавате неговите пријатели и семејство или ги гледате само кога е неизбежно
Ако сте веќе долго време во врска со мажот, веројатно дека ќе ги запознаете неговите пријатели и семејство. Меѓутоа, ако тоа сеуште не се случило, особено ако сте во повеќегодишна врска, тогаш нема што да барате со него.

Ви кажал дека не сака брак
Постојат мажи кои однапред и кажуваат на својата партнерка дека не сакаат брак. Тоа е искрено и поштено, но проблемот е во тоа што луѓето често оптимистично сметаат дека можат да ги променат другите, особено ако им пружат љубов и топол дом. Во голем дел од случаите тоа не се завршува добро и води кон фрустрации.

Прегледи:
657
Објавено на:
08.09.2020