Категории

Се сеќавате ли на најубавото девојче во светот? Еве како изгледа денес! (ФОТО)

Тилен Блондо имаше само 10 години кога се појави во парискиот „Vogue” нашминкана и со високи потпетици. Нејзиното детство беше поинакво, таа порасна на страниците на модните магазини со титулата на најубаво девојче на светот.

Тилен денес е тинејџерка, има 15 години и не се откажува од модата.

Тилен, чие вистинско име е Тилен Лена Рос Блондо, е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и Вероника Лубри, француска актерка и телевизиска водителка. Кариерата на манекенка ја започнала кога имала само 4 години кога се појавила на ревијата на Жан Пол Готје.

Фотографирањето за „Vogue” ја направи планетарно позната, но со себе донесе и многу критики. Многумина им замерија на нејзините родители што дозволиле девојчето да се најде на фотографии кои воопшто не се примерни за нејзината возраст.

Критиките со тек на време се смирија, а Тилен продолжи да работи за модни кампањи. Познавателите на модата велат дека таа е новата Кејт Мос, додека во родната Франција ја нарекуваат наследничката на Бриџит Бардо, бидејќи филмската дива позирала за насловна страна на магазин кога имала само 15 години.

Тилен е родена за мода, во тоа нема никаков сомнеж. Но, прашањето дали во светот на модата требало да влезе толку рано, и понатаму останува отворено.

И ден денес предизвикува полемики кога во јавноста се појавува во гардероба која, по оцената на многумина, е несоодветна за тинејџерки.

Прегледи:
828
Објавено на:
06.09.2016