Категории

Се сеќавате на рускиот бенд Т.А.Т.У? Тие се враќаат на сцената и погледнете како изгледаат сега!

Дали се сеќавате на рускиот бенд Т.А.Т.У? Две девојки од Русија, пред дваесетина години, некој период беа голем музички хит, но и провокација и трн во око за руското општество поради своето геј експериментирање. Тие повеќе не се девојчиња, но решија да се вратат на сцената.

Девојките најавија турнеја за 2022 година и им поставиле прашање на фановите на социјалните мрежи кого би сакале да видат како гостин на концертите со хаштагот #tatucomeback.

Јулија и Лена по распаѓањето на Т.А.Т.У не останале во добри односи, што и не е зачудувачки факт со оглед на однесувањето, јасно е дека станува збор за две дијаметрално различни личности. Јулија веднаш по распаѓањето на бендот забременила, преминала во Ислам, а откако се развела повторно преминала во Православие. Се занимавала со политика, се кандидирала на избори како дел од конзервативната партија на Русија, а ја шокирала јавноста со хомофобични изјави. Имено, ги осудувала геј мажите, но не и лезбејките бидејќи сметала дека е естетски, љубењето помеѓу две жени е многу поубаво од љубењето помеѓу двајца мажи.

Од друга страна, Лена се обидувала да развие соло кариера, ја поддржувала ЛГБТ заедницата и се борела да се слушне нивниот збор. Пред неколку години се омажила и добила дете.

Сите препреки и разлики девојките очигледно ги ставиле по страна и подготвени се да тргнат во нова авантура дваесет години подоцна.

Прегледи:
648
Објавено на:
12.10.2021