Категории

Се шири мирис на италијанска кујна во центарот на градот

Италијанската кујна се смета за една од највкусните и најраспространети кујни во светот. Нејзиното големо влијание е присутно и кај нас, а доказ за тоа се многубројните пицерии, ресторани и други угостителски објекти кои практикуваат италијанска храна во своите мениа. Но, доколку сакате да ги почувствувате вкусовите на оваа кујна во целост, подготвени по рецептите на најдобрите италијански мајстори, со задоволство ќе го посетите италијанскиот ресторан Гамбино.


Менито на Гамбино изобилува со мноштво на различни состојки кои вклучуваат различни видови на зеленчук, месо и сосови. Тоа е карактеристично по својата екстремна едноставност, со голем број на рецепти, а акцентот во приготвувањето секогаш се става на свежите состојки. Компири, ориз, пченка, месо и различни видови на сирења се само дел од кујната на овој италијански ресторан, а печурките и доматите имаат посебно место.


Кујната во Гамбино е позната по многубројните видови на тестенини во различни бои, дебелини, должини и форми. Пене, макарони, шпагети, таљатели, равиоли, лазањи се само некои од видовите тестенини кои се составен дел од оваа кујна.


Покрај огромниот избор на рецепти, Гамбино не би бил синоним за вистински италијански ресторан доколку ја нема најдобрата пица приготвена на уникатен начин. Кога ќе ја вкусите ќе ве обземе мирисот на топлото тесто, топеното сирење, доматниот сос кој сеуште се крчка во комбинација со лукот, пиперките, печурките и сите останати додатоци по ваша желба.

Лоциран во центарот на градот, а сепак со градина изолирана од градскиот метеж, ресторанот Гамбино може да го посетите во било кој период од денот, без разлика дали сте расположени за свеж сочен сендвич или омлет по ваш вкус за појадок или пак фамилијарен ручек, а можеби и романтична вечера со вашата сакана личност.

Уживајте во многубројните вкусови во Ресторан Гамбино и дозволете си задоволство на италијански начин.