Категории

Се случи катастрофален земјотрес во Мароко со јачина од 6,8 степени!

Нешто по 23:00 часот по локално време, во африканската држава Мароко се случи силен земјотрес со јачина од дури 6,8 степени!

Епицентарот бил во планините Атлас, 71 километар југозападно од Маракеш.

Истиот бил почувствуван во Рабат, Казабланка и неколку области јужно од Маракеш.

Повредени и настрадани се огромен број луѓе, а допрва ќе се наоѓаат уште многу.

Прегледи:
263
Објавено на:
09.09.2023