Категории

Се снима спотот на Марија Спасовска за претстојната Детска Евровизија (ФОТО)

Детската Евровизија е прекрасен настан кој се одржува секоја година во земјите низ Европа и одличен повод за промоција на државата на најубавиот начин – преку песна. Оваа година, на задоволство на публиката, наш претставник е младата Марија Спасовска, која јавноста веќе ја препознава по неверојатните вокални способности и успеси кои досега ги има постигнато.

За фактот дека станува збор за квалитетна претставничка и одличен избор на песна, доволно говори и тимот кој се грижи за тоа. Дарко Димитров се јавува како автор на евровизиската песна, а за изгледот на нашата Марија ќе се погрижи докажаната модна куќа Елена Лука.

Видео записот за евровизиската песна насловена „Дома“ е во тек, а вие имате можност да погледнете дел од сценографијата да ве заинтригира до официјалното објавување.