Категории

Сеавус Акцелераторот отвора повик за стартапи- можност за награда од 15.000 евра и инвестиција од најмалку 30.000 евра!

По успешно завршени четири програми, Сеавус Акцелераторот го отвора петтиот повик за акцелераторската програма!

Сеавус Акцелераторот во партнерство со едни од најдобрите европски акцелератори- Startup Wise Guys и водечкиот инкубатор и акцелератор Spring Activator со седиште во Канада, им носат на стартапите од Северна Македонија уникатна програма дизајнирана да ги зајакне внатрешните капацитети на претприемачите во рана фаза и да им помогне да ги скалираат своите бизниси на глобалниот пазар.

Поддржана од Академијата за претприемништво на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и ЕУ, програмата Tech Boost се состои од две фази, пред-акцелераторска и акцелераторска фаза. Стартапите кои што ќе влезат во пред-акцелераторската програма и ќе продолжат во акцелераторската програма, имаат можност да освојат награда од 15.000 евра. Дополнително овие стартапи ќе имаат можност да се претстават пред странски и домашни инвеститори и да обезбедат инвестиција од најмалку 30.000 евра.

Што добиваат македонските стартапи со влегување во една ваква акцелераторска програма?

● Награда за најдобриот регионален стартап до 15.000 евра

● Можност за инвестиција од Сеавус Акцелераторот од најмалку 30.000 евра

● Пристап до онлајн платформата на Startup Wise Guys

● Учество во серија работилници на најразлични теми за скалирање на својот бизнис

● Интензивна индивидуална менторска поддршка од локални и меѓународни ментори

● Индивидуални сесии со тимот на Сеавус Акцелераторот, Startup Wise Guys и Spring activators

Групни сесии со стартапи од Македонија и регионот со фокус на размена на знаења и искуство

Учество на интернационална конференција

Демо ден на кој стартапите ќе се претстават пред домашни и интернационални инвеститори

● Можност за влез во програмите на SWG и Spring

И секако, како и секоја година, поддржувачи на оваа програма се SwissEP кои даваат дополнителна вредност на програмата со вклучување на нивните ментори програмата.

Апликациите се отворени до 17ти Октомври: https://seavusaccelerator.com/apply-now/

Повеќе информации на официјалната страна на Tech Boost https://tech-boost.org/

Прегледи:
1091
Објавено на:
28.09.2021