Категории

Седмиот роденден на Театар Комедија на Светскиот ден на театарот

Националната установа ,,Театар Комедија” денес, 27 март, на Светскиот ден на театарот, го слави и својот 7. роденден.

Седмиот роденден е скромен, но богат јубилеј на театарот, кој во текот на изминативе години прикажа 27 премиери, имаше голем број гостувања низ државава и во странство, освојувајќи значајни фестивалски награди, и е театар со најголем број посетители.

На денот на свеченоста Театар Комедија ќе ја прикаже претставата ,,Не сега драга”, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника Козле.