Категории

Седум познати љубители на мартини

Некој преферира да го комбинира со џин или водка, до врвот начашата или пак со лед, со маслинки или чисто – во секој случај постојат повеќе комбинации доколку мартини е вашиот омилен пијалак. Ова се седумте најпознати љубители на мартини низ историјата.

Вилијам Сомерсет Мом. Британскиот драмски писател и новелист вели: “Мартинито секогаш треба да биде убаво промешано а не само протресено, така што молекулите сензационално ќе лежат една врз друга.”

Ернест Хемингвеј. Уште еден љубител на овој пијалак кој создал и своја верзија на мартини нарекувајки ја “Монтгомери” во чест на познатиот Бернард Монтгомери, британски генерал кој не одел во битка доколку не ја исполни својата доза 15 на 1, односот на џин со вермут што Хемингвеј го користел во својот рецепт за мартини.

Џејмс Бонд. “Протресено, не промешано. Треба ли да се каже нешто повеќе, кукло?”

Џулија Чајлд. Американска готвачка, автор и телевизиска личност која мартинито го преферирала со вермут и малку џин.

Винстон Черчил. Поранешниот премиер на Обединетото Кралство преферирал суво мартини. Тој честопати велел дека едниствениот начин да се направи добро мартини е да се користи ладен џин.

Алфред Хичкок. Како Черчил, и познатиот холивудски режисер и продуцент го сакал своето мартини суво, додавајќи дека најблиску што сака да види шише вермут до себе е, преку другиот крај на собата.

Ени Секстон. По завршувањето на своите часови на Универзитетот во Бостон, поетесата добитиничка на Пулицеровата награда, го посетувала локалниот бар и пиела три или четири чаши суво мартини.

 

 

 

Прегледи:
581
Објавено на:
29.06.2017