Категории

Секој човек треба да застане и да размисли добро за овие нешта

Постојано бркаме пари, често заборавајќи на своите најблиски, луѓето од нашето опкружување кои ни значат. Го изгубивме системот на вредности и премногу внимание посветуваме на некои маргинални работи, претежно материјални. 

На прашањето што е заедничко за сите луѓе во светот еден стар мудрец вели:
„Фактот дека им е здодевно од детството, брзаат да пораснат, а потоа повторно посакуваат да бидат деца. Тие го трошат своето здравје за да заработат пари, а потоа ги трошат своите пари за да си го вратат здравјето. Живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“

Потоа им дава многу важна порака на младите.

„Да научат дека не можат никого да принудат да ги сака. Дека она што тие го поседуваат не е највредното нешто, туку кои се тие во нивниот живот. Да научат дека не е добро да се споредувате со другите. Дека не е богат човекот кој има најмногу, туку оној на кој најмалку му треба. За да дознаете колку се доволни само неколку секунди за длабоко да повредите некој близок, а потоа треба да поминат години за да заздравите. Да разберат дека има луѓе кои ги сакаат нежно, но не знаат како да го кажат или покажат тоа. Да научат дека парите можат да купат многу, освен среќата. Дека две лица можат да ја набудуваат истата работа и да ја видат поинаку. Да научат дека вистински пријател е оној кој ги знае сите ваши маани, а сепак ве сака“ – вели стариот мудрец.

Дали по овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали некаде грешиме. Дали ќе го „повлечеме чкрапалото“ и ќе започнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Од нас зависи..

Прегледи:
555
Објавено на:
10.03.2021