Категории

Секој ден има свое значење. Каков е петок и што треба да правиме на овој ден откријте тука!

friday

Хороскоп, знаци, карактеристики, планети. Некои од нас секојдневно читаат хороскоп, некои не веруваат, а други ги носат одлуките според поставеноста на планетите. А како планетите влијаат врз нас – од ден на ден? Во многу древни култури планетите се сметаат за вистински небески богови, господари, владетели, олицетворение на духовната моќ и активност. Секоја планета е одговорна за одреден аспект на нашиот живот и специфично влијае врз нашите животи. Ние носиме дел од својата енергија, како што и секој ден од седмицата е еден вид носител на специфична енергија на планетата која владее со него.

Деновите од неделата се именувани по планети, или по боговите, кои пак се именувани по небеските тела. Поради тоа астролозите веруваат дека секој ден има своја симболика и секој е одреден за да извршиме некоја задача, за одреден настан или важно случување во нашиот живот, но исто така, тие сметаат и дека секој ден има своја “боја” преку која ја носи енергијата која не води низ времето. Тие сметаат дека петокот има розева боја. Петокот е денот за пријатно друштво, љубовни средби, романса, за уметност и убавина. И тие како нас, сметаат дека петокот е создаден само за уживање!

Посветете го овој ден на вашите најблиски. Одете на шопинг, тој е создаден за попусти, забавувајте се, а ако сте уметнички инспирирани уживајте во музика на концерт или дома, посетете изложба, или самите создајте некое уметничко дело и разбудете ја креативноста. Во петок носете нешто розово или шарено. Петок е ден за одмор, уживање, релаксација и затоа одете на релаксирачка масажа. Петок е ден на Венера кој треба да се посвети на семејството или партнерот, денот кога треба да се сака, да се биде сакан и да се ужива во животот. Петок е розев, па се верува дека на тој ден, веројатноста да се заљубите е голема. Нека биде розево!

happy-friday