Лавовите се многу шармантни, забавни и со добри предиспозиции да бидат лидери, но слабата страна им е што не се тимски играчи. Стрелците се многу страствени и склони кон авантури, но непредвидливи.
Овен
Овој знак го карактеризира многу енергија, страст, мотивација и амбиции. Ја загреваат секоја просторија со својата самодоверба, храброст и силна волја. Меѓутоа, од друга страна, лесно стануваат нервозни, агресивни и непријатни. Имаат потешкотии да ги слушнат другите и се лутат ако работите не се онакви какви што тие сакаат да бидат.
Бик
Луѓето родени во овој знак имаат тенденција да бидат стабилни, посветени на партнерот и верни. Меѓутоа, од друга страна, тие можат да бидат многу тврдоглави и имаат тенденција да станат посесивни во односот.
Близнаци
Самиот назив покажува дека имаат две страни на својата личност. Од една страна, тие се пријателски настроени и отворени. Имаат авантуристички дух и не дозволуваат нешто да им го расипе расположението. Од друга страна, понекогаш се површни и импулсивни кога станува збор за носење одлука. Поради својата „поделена личност“ покажуваат тенденција кон анксиозност и депресија.
Рак
Тие се прекрасни луѓе, секогаш грижливи, посветени и лојални. Одлични слушатели, чувствителни и грижливи. Меѓутоа, поради нивната преосетливост мора да се носат со многу демони. Поточно, тие се склони кон депресија, анксиозност и ментални пореметувања. Честопати се сфатени погрешно и се окарактеризирани како личности кои се насочени кон себе. Тоа може да доведе до нивна изолација и самосожалување.
Лав
Тие се родени лидери, шармантни и забавни личности. Но Лавовите не се тимски работници и можат да бидат претенциозни, премногу драматични и фалбаџии. Нивната екстремна пријателска наклонетост понекогаш може да биде површна.
Девица
Личностите родени во овој знак се ориентирани кон детаљи и екстремисти кога станува збор за метода, логика и аналитика. Имаат неверојатно трпелив карактер и неверојатни решенија за решавање на проблемите. Меѓутоа, нивната склоност кон премногу сериозна анализа и сериозни сфаќања тие се нефлексибилни и крути, дури и понекогаш непријатни.
Вага
Тие се почитувани и љубезни луѓе кои сакаат да им помагаат на другите. Тие настојуваат да задржат рамнотежа и да ја култивираат нежната природа. Таа склоност кон рамнотежа е секогаш практична, како и нивната премногу мирна природа која ги прави неодлучни, па поради тоа немаат способност да им се спротистават на другите.
Шкорпија
Нивната најдобра особина се неодоливи за оние кои ги разбираат. Тие се духовити и поседуваат саркастична смисла за хумор. Тие се страствени, организирани, независни и снаодливи. Меѓутоа, имаат и свои лоши страни. Тоа значи дека можат да бидат манипулативни и осветољубиви.
Стрелец
Нивниот интензитет е привлечен за другите луѓе. Тие се безгрижни, забавни и со авантуристичка душа. Од друга страна тие едноставно немаат трпение, избувливи се и непредвидливи.
Јарец
Поттикнати од богатството и успехот, тие се највнимателни работници од сите знаци во зодијакот. Многу се интелигентни со силна логика и практични вештина. Наважно нешто на светот за нив е работата. Поради нивната горделивост им недостасува способност да ги слушаат идеите на другите. Освен тоа, тие имаат тенденција да бидат тврдоглави, бескомпромисни и со лош карактер.
Водолија
Водолиите се најинтересни луѓе поради својата љубов кон патувањето, истражувањето нови култури и среќавањето нови луѓе. Имаат различни интереси и уживаат во животот и предизвиците. Меѓутоа, се соочуваат со проблеми во односите поради нивниот интровертен карактер и емоционална недостапност.
Риби
Најкреативниот знак, длабоко емоционални и чувствителни. Меѓутоа, тие имаат тенденција да бидат сами и да влезат во својот имагинарен свет бидејќи тешко им е да се соочат со реалноста.