Категории

Секс во долгите врски – што е најважно?

Сексот е исклучително важен сегмент од секоја врска, а доколку својот партнер/ка сакате да го задржите задоволен на долги стаз, тогаш е потребно да обрнете внимание на една работа.

Во сексот можете да сакате многу работи, но дефинитивно не сакате да бидете себични, бидејќи на долги стази тоа и нема да ви се исплати, е пораката на едно американско истражување објавено во журналот “Social Psychological and Personality Science”.

Истражувачите во една студија се фокусираа на тоа колку луѓето се подготвени да излезат во пресрет на сексуалните потреби на партнерот, особено кога станува збор за долгите врски.

Кај луѓето кои биле подготвени да “излезат во пресрет” на потребите на партнерот, забележано е поголемо задоволство во сексуалниот живот и врска во целината.

“Постојат многу истражувања кои наведуваат дека правењето на добро за другиот и ставањето на туѓите потреби пред нашите, доведува до задоволство, и тоа не само кога станува збор за сексуалноста”, вели лидерката на студијата, Емји Муиз.

Таа додава дека обрнувањето на внимание на потребите на партнерот е одличен начин за зголемување на самодовербата и јакнење на квалитетот на врската генерално.

Прегледи:
349
Објавено на:
16.06.2016