Неа ја запознавме како Шехерзад и ја сакавме низ секоја следна серија во која глумеше. Тој пак, беше Онур, љубовта на убавицата Шехерзад, а султанот Сулејман Величествениот вечно ќе го идентификувавме со него, и тоа не само ние, туку и поголемиот дел од светот.
Бергузар Корел и Халит Ерген се запознаа на снимањето на серијата „1001 ноќ“ пред скоро седум години, се засакаа и сега го имаат малиот Али, кој е прекрасна мешавина на двајцата убави актери.