Категории

Шест години секојдневно сликал верверички, а ова се најдобрите фотографии од нив! (ФОТО)

Пред 6 години, на мојот праг застана лисица и јас веднаш отидов внатре за да донесам некое месо. Лисицата се враќаше секојдневно за да добие повеќе храна и тоа го искористив како можност да направам некои фотографии.

До крајот на втората седмица, лисицата доаѓаше на балконот, а јас тоа го искористив за да ја фотографирам во различни ситуации. Наскоро, една руска птица ме посети и продолжив да фотографирам секојдневно. Одеднаш, мојот балкон стана студио исполнето со реквизити на природата, камери, огледала и слично. Птицата ме следеше и јас ја следев птицата со мојот фотоапарат, додека бараше скриена храна. Некои фотографии од оваа средба ги објавив.

На крај, се појавија црвени верверички и тие сè уште доаѓаат секојдневно во моето студио. Тогаш не бев ни свесен дека фотографирањето ќе прерасне во мое секојдневие. Од минатата година организирам работилници со верверичките во мојот дом. Овие работилници се ги организирам 2 пати во годината кога пристигнуваат младите верверички. Максимум 3 учесници можат да се приклучат на оваа 5-дневна работилница.