Категории

Штетни комбинации кои сите ги правиме: Еве што не треба да мешате во јадењето

Некои комбинации на храна можат брзо да ве здебелат, да предизвикаат замор, проблеми со варењето, па и недостаток на витамини и минерали. Што не би требало да се јаде заедно?
1. БЕЛ ЛЕБ И ЏЕМ ИЛИ СЛАТКИ ПЕКАРСКИ ПРОИЗВОДИ И СОК ОД ПОРТОКАЛ

Премногу шеќер за појадок никако не е добар почеток на денот. Лесно би можеле да се прејадете, а шеќерот нагло ќе ви скокне и наскоро нагло ќе падне. Во појадокот е подобро да се уфрлат малку маснотии и протеини. Наместо бел леб јадете интегрален, а џемот можете некогаш да го замените и со мед или путер од кикирики.

2. ПИЦА СО ИНДУСТРИСКИ ОБРАБОТЕНА САЛАМА

Заситени масти и соли и онака има премногу на пицата такашто да онаа со салама како што е шунката, куленот или некои други слични салами ја зголемува и онака превисоката доза на натриум и заситени масти. Јадете почесто пица со повеќе зеленчук. И јадете ја со салата.

3. ЖИТАРКИ И МЛЕКО

И житарките и млекото содржат јагленохидрати кои нагло ќе го зголемат шеќерот во крвта. Пакувањата на житарките за појадок и онака повеќе личат на колачи отколку на здрава храна. Ако веќе морате да ги јадете, наместо со млеко, јадете ги со јогурт и додадете една рака јаткасти плодови.

4. ВИНО И ДЕСЕРТ

Алкохолот го пореметува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува количината на инсулин, па вишокот на шеќер од колачите подобро се таложи во масното ткиво. Наместо оваа комбинација, здружете го виното со нискогликемиска храна, а десертот со чај или кафе.

5. БУРГЕР И ПОМФРИТ

Оваа популарна комбинација содржи во повеќе наврати пржена маснотија, адитиви и шеќер. Заради тоа се создаваат цитокини кои предизвикуваат воспалителни процеси во телото и предизвикуваат метаболички синдром и го забрзуваат стареењето. Подобро бургерот јадете го со салата.

6. МЕЛЕНО МЕСО И КОМПИР ПИРЕ

Оваа комбинација е богата со заситени масти, од месото и од додадениот путер во пирето. Наместо оваа, испробајте ја комбинацијата од мисиркино мелено месо и пире од карфиол.

7. САЛАТА И ПРЕЛИВ СО НИЗОК ПРОЦЕНТ НА МАСТИ

Да, на салатата и треба маснотија (маслиновиот зејтин е идеален) зашто во спротивно не се искористуваат витамините топиви во мастите. Освен тоа, ако користите производи со низок процент на масти, имајте на ум

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
384
Објавено на:
22.02.2017