Категории

Штикли кои можете да ги носите цел ден

Иако штиклите се инстантен подигнувач на стилот, многу дами ги избегнуваат поради нивната неудобност.

Но, благодарение на дизајнерката Shaherazad Umbreen, од сега може да ги носи секоја дама.

Во продолжени прочитајте се за најудобните штикли на светот кои можете да ги носите дури по 18 часа на ден .

Така наречените “штикли од 18 часа“ имаат потпетица од 7,5 сантиметри, а направени се од многу мека кожа која не предизвикува иритации и плускавци.

Штиклите ги имитираат класичните салонки, но имаат нешто позаоблен преден дел кој не ги стега прстите и не предизвикува грчеви.

Најважниот сегмент за кој дизајнерката водела сметка е калапот кој ја распоредува тежината на телото на целото стапало па така се растеретува лумбалниот дел од рбетот.

За да се увери во магијата на најудобните штикли, новинарката од британскиот портал Daily Mail Alice Smellie, одлучила да ги тестира на своите нозе во текот на еден цел ден.

Таа во штиклите во nude боја го средувала својот дом, готвела ручек, го шетала кучето, ги одвела децата на училиште, ја завршила смената на работа и била на шопинг.

Упорната новинарка своите штикли ги симнала од нозе дури околу полноќ, а резултатите биле повеќе од позитивни.

stikli-koi-mozete-da-gi-nosite-cel-den-01

 Освен што ја совладал заморот од напорниот ден, Alice не ги чувствувала вообичаените болки во грбот и стапалата, ниту се жалела на отечени нозе и изјавила дека стапалата се единствениот дел од телото кој не ја болел.

За крај можеме да заклучиме дека колку и да се прекрасни овие штикли, сепак имаат една мана, а тоа е нивната цена.

Основниот модел чини околу 200 долари, а ако сакате да ги украсите со некое ремче треба да додадете уште 85 долари.

Прегледи:
843
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
15.06.2016