Категории

ШТО БИ ОДГОВОРИЛЕ АКО ВЕ ПРАШААТ ЗА ШТО НАЈМНОГУ ЖАЛИТЕ?

Многупати во животот не успеваме да ги направиме нештата за кои сонуваме условени од различни фактори: финансиски, семејни или едноставно поради некаков сплет на околности.

Во Њујорк беше спроведен и документиран интересен мал проект – минувачите беа прашани да напишат за што најмногу жалат во животот на голема табла. Најголемиот дел од луѓето напишаа работи кои не ги направиле, користејќи ги префиксите „не“ и „никогаш“. Можеби кога би се избришале токму тие „не“ и „никогаш“, наместо каење речениците ви звучеле како аспирации. Голем дел од лицата кои се дел од видеото се во нивните 20-ти или 30-ти години, па човек би се запрашал дали можеби нештата за кои се каат сè уште можат да ги направат. За што најмногу жалите вие? Дали сè уште можете да направите нешто во врска со тоа? И зарем не е подобро човек да не жали за ништо и едноставно да гледа напред кон сите нешта кои го очекуваат?

Прегледи:
404
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
30.01.2016