Категории

Што би рекле денешните нутриционисти за режимот на исхрана на Мерилин Монро?

Мерилин Монро и денес важи за една од најубавите холивудски диви, а познато е и дека се гордеела со своите облини и јадела се што ќе посакала.

Била првата жена во Холивуд која зборувала за својот режим на исхрана. Во една статија објавена во 1952. година во магазинот „Pageant“, под наслов „Како останувам во форма“, тогаш 26-годишната Мерилин открила дека своето тело никогаш не го сметала за најпривлечно.

Висока околу 160 цм, варирала помеѓу 50 и 60 килограми, меѓутоа, таа никогаш не се оптеретувала со тоа. Сакала јајца и месо, а открила и рецепт за магичен напиток кој го пиела секое утро за енергија и виталност.

Појадок

Слушнав дека мојатан исхрана се смета за чудна, но јас не мислам така. Секое утро пред да одам под туш, се загревам со чаша млеко и додавам две јајца. Ги мешам заедно со вилушка и ги пијам заедно со витамините додека се облекувам. Мислам дека докторите не можат да понудат хранлив појадок за зафатена девојка која е секогаш во гужва – објаснила таа.

Ручек и вечера

Нејзиниот ручек секогаш подразбирал добро парче месо, а наместо „да му ја даде вечерата на непријателот“, тоа бил нејзиниот омилен оброк – навечер пржела јагнешко месо во комбинација со свежи моркови. Денот обично го завршувала со омилениот оброк – сладолед.

Тренинг

„Секое утро откако ќе ги измијам лицето и забите, легнувам на под и тренирам. Правам едноставни вежби за убави гради: подигам три килограми тежина и ги ширам рацете во различни правци – петнаесет пати, полека. Потоа ги спуштам рацете, под агол од 45 степени до под, се додека не се изморам. Јас не ги следам правилата за правилно изведување на вежбите. Не можам да ја трошам својата сила.“

Денес, стручњаците, но и сите кои се придржуваат до здравата исхрана и витка линија, веројатно би биле згрозени. Би и приговарале дека јаде живи јајца, многу месо, слатко…

Сепак, холивудскиот нутриционист Хала Ел-Шафие го фали начинот на исхрана на актерката и уверен е дека таа би била згрозена доколку би можела да види како денешните ѕвезди се поигруваат со своето тело.

Мерилин јадела здрава, непреработена храна, а нејзината исхрана се базирала на здрав разум. Не прескокнувала оброци и на организмот му обезбедувала рамномерна количина на протеини, а не избегнувала ни да се награди со слатки.