Категории

Што да правите кога немате волја за работа?

Не постои човек кој барем еднаш не ја загубил волјата за работата и да се „фати“ себеси како ги одложува работните обврски и задачи или ги завршува со тешки маки.

Ви споделуваме неколку корисни совети како полесно да се зафатите со работа и тоа да ве „држи“ во текот на целата година.


1. Распоредете ги задачите

Честопати се наоѓате во ситуации кога не знаете од каде да почнете со работа и како да продолжите понатаму. Имате толку многу работни задачи што предизвикуваат да се почувствувате изгубени и преоптоварени. Еден од начините како да ги завршите обврските е да ги поделите на помали сегменти за што ќе ви биде потребно пократко време. Ако тоа не вроди со плод, задајте си пократки временски периоди за работа и за одмор.

2. Визуелизирајте ги последиците

Кога немаат волја за работа, мнозинството се зафаќа со помалку важни работни задачи, кои само им го одвлекуваат вниманието од поважните задачи. На тој начин си создаваат привид дека нешто работат, но со намалена продуктивност. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, запрете за момент и визуелизирајте го извршувањето на покомплексната задача. Исто така, визуелизирајте што би се случило ако продолжете да ја одлагате. Најверојатно, тоа ќе ве поттикне што поскоро да се зафатите со поважните обврски.

Image result for businessman thinking

3. Направете стратегија

Сигурно добро ви е познато она чувство на мрзеливост, кога ништо не ви се работи? Во тие моменти, многу е тешко да се подигнете, особено ако задачата што ве чека е мачна и демотивирачка. Но тоа што можете да го направите е да имате методологија за работа и да не започнувате со поинтересните задачи, пред да ги завршите досадните. Исто така, смислете начин како побрзо и поефикасно да ја завршите досадната работа.

ejjjjj

4. Позитивен став

Добивте нова задача за која сте одговорни, но не знаете од каде да почнете со нејзино извршување? Се плашите од можните грешки и последици, а тоа ве спречува да се зафатите со задачата. Одолговлекувањето само може да ви направи поголема штета, бидејќи со текот на времето ќе ви се намалува самодовербата. Обидете се да мислите позитивно и да го предвидите успехот. Повикајте позитивни луѓе да ви помогнат во завршувањето на задачата или да ви дадат корисни насоки и совети. Многу е важно да не се грижите за ситниците што би произлегле од работата, бидејќи тие нема далеку да ве одведат.

dfrgt

Прегледи:
366
Објавено на:
28.09.2016