Категории

Што морате да имате во вашиот несесер каде и да патувате ова лето

Вашиот одмор се наближува а вие сеуште не сте одлучиле што да понесете со вас кога се во прашање производите за убавина. За таа цел ние одлучивме да ви го олесниме пакувањето и да ви споделиме без што не смеете да тргнете на патување ова лето..

 

Гел за туширање за сува кожа
Солената вода умее да ја исуши вашата кожа и да предизвика иритации и понатамошни проблеми, за таа цел одберете благ гел кој е наменет за третирање на сувата кожа.

Мицеларна вода
Наместо со себе да носите разни тоници, млека и влажни марамици наменети за чистење на лицето, мицеларната вода е идеален избор. Не само што умее длабински да го исчисти лицето како никој друг продукт, туку и истовремено ја негува кожата како да сте нанеле крем и ја одржува чиста и свежа во текот на денот.

Хидратантен крем за лице со заштитен фактор
Неопходен ви е крем кој истовремено ќе ја одржува вашата кожа влажна и мека а и ќе ја заштитува од сончевото зрачење. Нанесувајте го секогаш и во секое време, па дури и на вечер под шминката.

Крем за стилизирање на косата
Додека сте на одмор сигурно нема да имате премногу време да ја правите разни фризури на вашата коса, користете крем или гел за стилизирање на косата. Нанесувајте го на чиста влажна коса и оставете ја природно да се исуши и ќе добиете брановидна фризура, а исто така со него можете да направите ‘wet look’ кој е идеален за во лето.

Крем бронзер за тело
Овој продукт ќе направи вашата кожа да изгледа потемнето дури и во првите денови од вашиот одмор, секако не заборавајте да одберете таков кој содржи висок заштитен фактор. А исто така можете да го користите и откако вашата кожа ќе потемни со цел дополнително да го истакните тенот.

Маска за лице
Наместо да понесувате неколку различни препарати за третирање на кожата, понесете маска за лице во големо пакување и нанесувајте ја еднаш во денот. Така ќе заштеџите на простор во вашиот несесер а и вашето лице ќе одмори од премногу хемиски продукти.

Прегледи:
368
Објавено на:
12.07.2017