Категории

Што му прави топлото време на нашето тело?

Горештините веќе стигнаа, а наше е да се справиме и заштитиме колку што е можно подобро.

Како всушност топлото време му влијае на нашето тело?

Како што телото се загрева, крвните садови се отвораат.

Како резулатат на тоа, нашиот крвен притисок се намалува и го присилува срцето да работи понапорно за да ја турка крвта низ телото.

При потењето се губат течности и сол и во комбинација со намалениот крвен притисок се придизвикува исцрпеност.

Така, почнуваме да чувствуваме гадење, несвестица, збунетост, мускулни грчеви, главоболки и замор.

Доколку притисокот значително се намали, се зголемува ризикот од срцев удар.

Затоа, важно е да избегнуваме да бидеме надвор во најтоплите часови од денот, да го заштитиме нашето тело и да се грижиме колку што е можно подобро.

Прегледи:
429
Објавено на:
13.07.2023