Категории

Што не е културно да правите во другите земји?

Сите оние кои во наредниот период планираат да патуваат во друга држава, треба да знаат дека културите и правилата на однесување се различни од нашата земја.

Тоа што нам ни е примерна и културна постапка, во странство може да претставува дрзок и некултурен гест.

Ако патувате во Јапонија, не помислувајте на вработените да им оставите бакшиш. Јапонците таквиот гест го сметаат за деградирачки.

Насмевката во Русија претставува интимен чин. Таа е знак за искрена склоност кон одредена личност. Затоа, доколку не сакате да ве оценат за човек на кој не може да му се верува, не се смешкајте на непознати луѓе.

Не свирете во Норвешка, затоа што ќе предизвикате паника. Норвежаните ја применуваат сирената од автомобилот само во итни случаи.

Дување нос во јавност во Франција се смета за одврартен чин. Извинете се, како да одите во тоалет.

Во Германија некултурно е да зборувте со рацете во џеб. На овој начин Германците ќе ве етикетираат како личност која нема почитување кон другите луѓе.

Во Франција не заборавајте да се поздравите. При комуникација со нив, поздравете ги со зборовите „Bonjour Monsieur/Madame!“ .

Во Индија, левата рака е нечиста. Затоа секогаш кога ќе се поздравувате или разменува пари, правете го тоа со десната рака.