Порака на универзумот за 10 Февруари 2020 година – Кога ќе ги промените мислите на подобро и животот ќе ви се промени на подобро.
Универзумот денес порачува:
Секој ден е нова можност и шанса за развој. Само од вас зависи дали ќе го направите овој ден поубав.
Ослободете се од чувството дека сте недостојни за нешто.
Вие заслужувате само најдобро во животот и дозволете само најдобрите работи да ви се случуваат.
Обрнете внимание на секој проблем што се случува во вашиот живот и поставете си прашање – Со кои мисли ја повикав оваа ситуација?
Секогаш можете да изберете како и што ќе мислите, затоа и имате моќ со мислите да го излекувате вашиот живот.
Универзумот ја сака благодарноста. Колку сте повеќе благодарни, толку повеќе придобивки ќе имате.
Кога ќе ги промените мислите на подобро и животот ќе ви се промени на подобро.
Затоа уште денес повикајте ги само добрите мисли и кажете си – Само добра енергија владее во мојот живот.