Порака на универзумот за 15 Јануари 2020 година – Не бегајте од промени … Тие се вашиот најголем благослов во моментов!
Универзумот денес порачува:
Немојте да размислувате што прават другите, што мислат, какви тајни кријат … Вашата љубопитност е само производ на желбата за внимание.
Не дозволувајте да бидете горди, арогантни и груби … Тоа е само последица на ниското самопочитување.
Не обидувајте се да се расправате, да влегувате во конфликти и да се докажувате на секое место, пред сите луѓе … Важно е да сте свои, искрени и вистинити за вашето битие.
Не дозволувајте негативната енергија да ви го исполни срцето …. Секој нов ден има нова надеж и убава можност.
Не плашете се од годините … Кога сте убави однатре, вие сте убави и однадвор …
Не бегајте од промени … Тие се вашиот најголем благослов во моментов!