Категории

Што открива бојата на менструалната крв?

Менструалниот циклус се одвива секој месец во период од 6-7 дена. Во текот на овие денови жената може да има абдоминални грчеви, заедно со некои други помали проблеми како што се главоболка и болки во стомакот.

Кога менструалната крв тече од телото брзо, бојата на менструалната крв ќе биде црвена или розевкаста. Понекогаш повеќето жени можат да забележат црна или кафена крв во текот на циклусот и тогаш главно се загрижуваат. Според зборовите на стручњаците, темната менструална крв укажува дека крвта тече побавно од телото.

Кафеава боја: Темнокафеавата боја на крвта означува стара крв која подолго време била во матката. Овој тип на крв обично се гледа рано наутро.

Црвена боја: Ова е свежа крв која е веднаш исфрлена од телото. Овој вид на проток на крв е многу лесен и често се појавува после напорен ден кога крвта брзо се ослободува од телото, и нема време да потемни.

1 2

Прегледи:
817
Објавено на:
14.03.2016