Категории

Што откриваат деталите во детските цртежи?

НЕДОСТАСУВААТ ДЕТАЛИ НА ЛИЦЕТО

Ако им недостасуваат на нацртаните ликови делови од телото, носот, устата, ушите или очите, тоа кажува дека детето одбива да прими информации преку тие сетила. На пример, ако недостасуваат уши тоа значи дека детето не сака да ги слуша другите. Размислете, можеби пречесто го предупредувате и прекорувате. Детето е веројатно чуствително на критика или на забелешки.

Размислете зошто е тоа така. Дали вашата критика е конструктивна или пак го критикувате дури и кога не заслужува?

Не мора да звучите како расипана плоча, бидејќи децата ретко реагираат на постојано предупредување. Ја знаете онаа реченица „низ едно уво влегува, низ друго излегува“? Ако се обидете сликовито да му го покажете на детето тоа што сакате, ќе постигнете успех. Избегнувајте да го критикувате детето пред други деца или возрасни бидејќи пред нив чувствува уште поголем срам.

МАЛА УСТА

Нацртаниот лик има многу мала уста или пак воопшто ја нема. Тоа значи дека детето не сака да користи зборови бидејќи е премногу срамежливо или нема доволно самодоверба. Веројатно се плаши дека некој можеби ќе го надзбори, воопшто нема да го разбере или пак ќе го посрамоти.

ГОЛЕМИ И ШИРОКО ОТВОРЕНИ ОЧИ

Големи, широко отворени очи се знак за некаков притаен страв. Ако прикажаниот лик има долги и густи трепки, тоа значи дека детето понекогаш сака да се однесува демонстративно, дури и хистерично. Тоа што го причинува ова однесување се крие во детската потреба за одобрување и внимание од страна на најблиските членови на семејството.

ГОЛЕМА УСТА

Голема уста или голема, бујна коса на нацртаниот лик зборуваат за емоционалната чувствителност на детето. На таквото дете му е потребно искажување љубов, многу комуникација, мазење, прегрнување и пофалби. Тоа има потреба да се чувствува сакано.

ПОДИГНАТО ОПАВЧЕ

Ако ликот има подигнато опавче, станува збор за оптимистично дете. Во спротивно, ако опавчето паѓа надолу, детето е незадоволно од нешто или пак е многу покорно.

КРИЛА

Лик со крила е знак за повеќестрани интереси. Ова дете е дете кое е вечно во потрага по некакви одговори, сака да учи и да истражува. Тоа сака се да има веднаш и често прави повеќе работи во исто време. Неговиот дух морате постојано да го храните. Вие сте сигурно еден од оние родители кои му купуваат на своето дете детски енциклопедии.

УКРАСИ И МОДНИ ДОДАТОЦИ

1 2

Прегледи:
2343
Објавено на:
07.04.2016