Категории

Што откриваат деталите во детските цртежи?

УКРАСИ И МОДНИ ДОДАТОЦИ

Присутноста на украси, како што се очилата, накит, перја, посебна облека, значи дека детето размислува за својот изглед и имиџ и во секојдневниот живот. Се работи за дете кое сака да ги има најновите играчки, да носи шарена облека и да се натпреварува со другите во украсување.

СИЛНА ТЕЛЕСНА КОНСТИТУЦИЈА

Обрнете внимание на елементите на цртежот кои укажуваат на силата на прикажаниот лик. Ако тој лик има силно тело, мускули, опасно оружје, остри канџи, јак клун и слично, тогаш вашето дете се чувствува прилично незаштитено и послабо од другите деца. Тоа сака да биде посилно и го искажува истото преку цртежот, со тоа што црта детали кое и самото сака да ги има. Колку повеќе има такви детали, толку детето се чувствува позагрозено. Исо така, колку понепослушен е прикажан карактерот на детето (на пример, прикажан е злобен робот, демон, змеј или вампир), толку е поголема желбата на детето да се наметне. Децата од несредени семејства, во кои има насилство, често цртаат такви ликови.

ДВИЖЕЊЕ НА ЛИКОТ

Забележете како се движи ликот. Дали има испружени раце и поглед насочен нагоре, како да се заканува некому кој е горе? Вашето дете ја насочува агресијата кон своите авторитети (кон вас, учителката, постарите деца), а исто така и кон оние кои нешто му забрануваат или се во позиција да му наредуваат.
Ако чудовиштето е наведнато надолу, како да му се заканува некому кој е помал од него, тогаш детето е веројатно исфрустрирано од потсмевањето на своите врсници или го нервираат помалите браќа или сестри и пријателите. Разговарајте со детето за тоа што го мачи. Можеби чувствува притисок од пријателите или возрасните. Размислете за тоа дали му наметнувате премногу обврски.

ОПШТ ВПЕЧАТОК

На крајот оценете го општиот впечаток за цртежот. Ако е ликот оригинален, тогаш и вашето дете е наклонето кон иновативен начин на размислување.
Со помош на овој тест ќе ги разберете наклонетоста, стравовите и надежта на вашето дете. Тој ќе Ви помогне Вам да му помогнете на вашето дете да ги преброди истите. Освен тоа, ќе можете и сами да внесете промени во неговото воспитување и така да го направите посреќно. Направете го тестот на вашите деца или на децата на вашите пријатели.

1 2

Прегледи:
2344
Објавено на:
07.04.2016