Категории

Што означуваат тетоважите на познатите?

Знаете како велат – кога еднаш ќе започнете да се тетовирате, тешко дека ќе престанете. И мора да признаеме, се сложуваме. Повеќето ѕвезди имаат барем неколку тетоважи, а ова е нивното значење.

Колку и да не фасцинират трендовите во тетовирањето, сепак се чини дека познатите личности се тие кои ги одредуваат популарните тетоважи. Некои од нив своето тело го доживуваат како платно за сликање, а други пак, ги кријат своите тетоважи како змија нозете. Сепак успеавме да детектираме некои од нив.

Една сосема интересна тетоважа има дивата во светот на музиката – Бијонсе. Таа на четвртиот прст од левата рака има истетовирано три мали точки. Фановите велат дека тие точки ги означуваат нејзините три деца. Има смисла, зар не?

Мајли Сајрус е позната во своите луди тетоважи, а една од првите кои ги направила се наоѓа под нејзините гради. На неа пишува „едноставно диши“. Се зборува дека ова се зборовите кои Мајли си ги повторувала во себе откако починала нејзината баба поради проблеми со белите дробови, како и нејзината пријателка која починала од цистична фиброза неколку месеци подоцна.


Пејачката Селена Гомез на грбот под пазувите на арапски има испишано „Сакај се себеси пред се“. Оваа тетоважа е сосема јасна, зар не?

After my first show in Vegas. @alfredoflores ❤️

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on


Предводничката на трендовите, Ријана, голем дел од своето тело го украсила со тетоважи. Иако луѓето најчесто ја приметуваат нејзината тетоважа на раката, еднакво интересна е и нејзината тетоважа под градите. Нејзината баба починала во 2012 година, а пејачката и оддала почит со трогателна тетоважа. На неа пишува: „Божица Исис – Комплетна жена – Модел за идни генерации – #grangrandolly – секогаш број еден во моето срце“. Ова е тетоважа на која нејзината баба сигурно би била горда.

rude. ???

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on


Омилениот британски музичар Сем Смит на четвртиот прст од левата и десната рака има истетовирано две мали цртички. Зошто избрал нешто толку мистично? Имено, овие тетоважи се инспирирани од едни од првите тетоважи кои се виден на овој свет. Овие тетоважи се откриени на една мумија која била пронајдена под слоеви од снег. Креативно, зар не? Токму како и самиот Сем.

Take my hand

A post shared by Sam Smith (@samsmithworld) on

Прегледи:
588
Објавено на:
05.02.2018