Категории

Што пишува во тестаментот на кралицата: Еве кому Есма му го остави целиот свој имот

Во тестаментот на кралицата на Есма Реџепова стои дека целиот свој имот таа го остава на Македонија затоа што нејзината кариера и пари биле направени токму од народот.  Ова во интервју за Радио Слободна Македонија го изјави Зорана Костовска, нејзина најблиска соработничка.

-Години и години говореше дека,сака да го остави нејзиниот дома на културат и хуманоста и тоа го исполни . Вчера се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска, во кое јасно и гласно стои дека сиот имот и го поддрарува на државата. Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија  и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш, каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа.  Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својат Маекдонија. Затоа Есма сиот свој имот и го подари  на Македонија, вели Костовска во интервјуто.

Нејзиниот коментра беше:  Моите пари се направени од концерти. Луѓето купувале карти, плаќале и пак нека биде тоа на мојот народ. Тоа беше нејзината порака, додава таа во интервјуто.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
489
Објавено на:
14.04.2017