Категории

Што прават Ким и Канје кога мислат дека никој не ги гледа?

Пред камерите на доделувањето на “VMA” наградите, Ким Кардашијан и Канје Вест разменија бакнежи, но вистинската природа на нивниот однос се покажа тогаш кога мислеа дека никој не ги гледа. Во последно време се “шушкаа” гласини дека нивниот брак е самo “претстава” за медиумите, а видеото кое се појави од зад сцената, оди во корист на тие тврдења.

Видеото покажува како Ким седи спроти својот сопруг, а двајцата гледаат во своите мобилни телефони, не обраќајќи внимание еден на друг. Во еден момент, Ким му покажува нешто на Канје, но за брзо се враќа и седнува на столот наспроти него.

Многу луѓе се уверени дека и третиот брак на старлетата, ќе заврши со развод.

https://www.youtube.com/watch?v=W6aaTFy8V-8

Прегледи:
416
Објавено на:
02.09.2016