Категории

Што прават здравите и фит луѓе после работа?

Кога си доаѓаме од работа, најлесно ни е да си легнеме пред кауч и да си ја гледаме омилената серија или тв програма, но тоа всушност не е здраво. Научете некој здрав совет од оние кои се грижат за себе и за својата исхрана. Што прават тие луѓе веднаш кога ќе се вратат од работа?

Подготвуваат храна за следниот ден

Кујната не е место во кое јадете, туку во кое готвите храна. Ако сакате здраво да се храните, клучно е еден ден порано да испланирате што ќе јадете и што ќе си приготвите за утрешниот ден. Така нема да консумирате некоја нездрава храна, по која ќе се чувствувате тромо и прејадено. Ако приготвувате јадење за утрешниот ден, нема да посегнете да купете нешто нездраво.

Ги прескокнуваат диеталните пијалаци

Диеталните пијалаци навистина не би требало да се најдат на вашето мени ако сакате да бидете во добра форма. Една неодамнешна студија откри дека оние кои редовно пијат диетални пијалаци имаат за три пати повеќе масни ткива на стомакот од оние кои не ги практикуваат. Пијте вода!

Корисно исполнето време по работата

Ако сакате да бидете во форма, не е добро да лежите, бидејќи премногу ќе размислувате за храна и нездрави грицки. Квалитетно исполнете го своето време, свирете, читајте, одете на прошетка или правете нешто што ве опушта.

Не вежбаат секој ден

Секако, ако сакате да бидете згодни, мора да вежбате, но не секој ден. Деновите за одмор се исто така важни колку и деновите кога вежбате, бидејќи тогаш мускулите со одмараат и се формираат. Ако вежбате секој ден, ќе ви се здосади вежбањето и вашите мускули нема да ве штедат, па брзо ќе се откажете од таа здрава навика.

Заспиваат пред 12 часот

Ако не спиете редовно, вашето здравје и килограми ќе патат. Истражувањата покажале дека ако сме ненаспани, поголема е шансата дека ќе посегнеме по некоја висококалорична храна и помалку веројатно е дека ќе собереме мотивација и ќе отидеме во теретана. Затоа, спијте 8 часа и одете на спиење пред 12 часот.

Прегледи:
410
Објавено на:
11.05.2016