Категории

Што сè прави најскапиот вибратор на светот?

Цените на вибраторите прилично се разликуваат. Може да се најдат некои едноставни за педесеттина долари, додека некој подобар примерок може да чини и до 300 – 400 долари. Но, ако сакате сериозно да се почестите, без проблем можете да потрошите и неколку илјади долари.

Иако ретко кому му е јасно зошто некој би вложил токму многу во вибратор, очигледно за тоа постои побарувачка. А, сигурно исто така ќе се најдат и такви кои ќе бидат подготвени да одвојат дури 18.000 долари за најскапиот вибратор на светот.

Благодарение на компанијата Coco de Mer од Лондон, оние кои сакаат ќе можат да уживаат во оваа скапоценост која името го добила по љубовницата на Чарлс Втори, Нел Гвин – Nell Pleasure Seed – или Семето за задоволство на Нел. Според зборовите на креаторите, овој вибратор е вистински предмет на вештини. Поточно за „оние кои можат да стават цена на задоволството, Nell Pleasure Seed е нова дефиниција за елегантна декаденција“. Па, сепак, Coco de Mer успеал некако да дојде до одредена сума.

Како и другите вибратори кои се дизајнирани за да се „прикачат“ на едно место на телото, она што го прави овој вибратор поразличен е фактот дека е вовлечен во плочка од 18-каратно злато. Да, во плочка, што значи дека дури не е ни целиот од злато.

Со пет различни нивоа на вибрации кои ќе „ги откриете и обожувате, а кои ви нудат неограничени можности за пријатно експериментирање“,Nell Pleasure Seed доаѓа во „рачно изработена дрвена кутија со златни детали“ и може да се заклучи. Сеедно, нам и понатаму ни се чини смешно скапо.

Описот на вибраторот завршува со зборови дека ако некому му го подарите Nell Pleasure Seed, ќе им дадете „ултимативен доказ на страста“. Со други зборови, ќе им покажете дека вашата сметка во банка е прилично големка, пишува „Bustle”.

Прегледи:
680
Објавено на:
13.01.2016