Категории

Што се случувало на Земјата за време на дождот кој траел милион години

Еднаш на Земјата врнело милион години. Овој период довел до исчезнување на многу видови и „отворил врата“ за појава на диносаурусите.

Дождот на Земјата паѓал милион години без престан во периодот познат како Карнијан, пред 230 милиони години.
Времето во кое паѓал дождот милион години денес на научниците им е познато како Карнијанска плувијална епизида, која била климатска пресвртница на претходните сушни епохи.
Спрема последните истражувања, токму овој период на долгорочен дожд бил непознат поради вулканските ерупции и климатските промени. Во тој период исчезнале третина видови кои живееле во морињата, како и голем број на животни и растенија на копното.

„Милионскиот дожд создал простор за појавување на видови како што се диносаурусите но и некои кои и понатаму постојат“ – заклучуваат научниците.

После долгогодишниот дожлдив период, следела ерупција на нови врсти. Бројни групи кои денес имаат централна улога во екосистемот се појавиле тогаш – вели Јакопо дел Корсо, професор по геологија на Универзитетот во Вухан.
Спрема нивните проценки, тогаш во океаните се појавиле планктони, корални гребени, а на земјата се појавиле жаби, гуштери, крокодили и желки.

Авторите на студијата за овој период веруваат дека дождот кој траел милион години предизвикал поле од лава познато како Врангелија кое прекривало илјадници километри во денешна Канада.
Силните ерупции во атмосферата исфрлиле околу 5000 гигатони јаглерод што е неколку пати повеќе од количеството кое денес го има во атмосферата во текот на една година. Огромното количество било причина за екстремни климатски промени. Климата станала повлажна, а дождот бил невообичаен, океаните станалале покисели што довело до изумирање на многу видови.