Категории

Што си правите секојпат кога ќе ги прекрстите нозете?

Некои од нас штом седнат, веднаш ги прекрстуваат нозете, а најчесто тоа е автоматска реакција која не ја забележуваме.

Нема сомнеж дека се работи за елегантна и секси позиција, барем кај жените, но што му правите на телото во тие моменти кога сакате да изгледате поженствено?

  1. Тоа што сте во иста положба подолго време може да доведе до состоја која се нарекува прализа на перонеалниот нерв.

2. Во 2010-та година, различни истражувања покажаа дека ако подолго седите со прекрстени нозе, крвниот притисок се зголемува. Дури и ако немате никакви проблеми со притисокот, избегнувајте ја оваа положба ако сакате да ги спречите можните проблеми со циркулацијата.

3. Оваа положба може да доведе до нерамнотежа на карлицата. Долготрајното прекрстување на нозете на крајот ги прави внатрешните мускули на бутовите пократки, а надворешните мускули подолги. Со тоа се зголемува ризикот зглобовите да се поместат од своето лежиште.

4. Навиката за седење со прекрстени нозе ја зголемува шансата за развој на пајакови вени. Иако најзначаен фактор за воспаление и проширување на вените е претежно генетската наследност, честото прекрстување на нозете го отежнува протокот на крв, што го има истиот краен ефект- набабрени вени.

5. Истражувањата покажуваат дека седењето со прекрстени нозе подолго од 3 часа дневно може да доведе до подгрбавено држење, болки во долниот дел од грбот или вратот.

Прегледи:
364
Објавено на:
04.06.2016