Категории

Што треба, а што не треба да правите на Божиќ?

Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.

Кој во текот на годината се скарал со некого, на Бадник треба да се смири.

За Божик е убаво да се подновиме.

Пред јадење домаќините истовремено да ги соблечат чевлите бидејќи се верува дека поради тоа жените побрзо се породуваат, кравите се телат, а овците се објагнуваат.

Во јужна Србија постоело верување дека девојките и момчињата кои ќе ја преспијат Бадната ноќ на слама, ќе го сонуваат идниот сопружник.

Во некои краеви се верува дека божикната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино, најчесто парче од погача.

На Бадник сите позајмени работи и долгови треба да се вратат, а за вечера да се подготват непарен број на јадења.

На Божик треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.

Од Божик до Свети Стефан не треба да се чисти куќата, а се верува дека за време на божикните празници не треба да се тропа на вратите, кокошките да не ги скршат јајцата.

На Божик не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.

Прегледи:
669
Објавено на:
07.01.2022