Категории

Што треба да јадете за појадок според хороскопскиот знак?

Сите знаеме колку е важна здравата исхрана, но и тоа дека појадокот е најважниот оброк во денот. Астролозите и нумеролозите составуваат бројни водичи за подобрување на квалитетот на животот во склад со ѕвездите. Во еден таков водич, наведени се препораки за идеалниот појадок според хороскопскиот знак.

Овен

Овните се познати по својата ексцентричност и амбициозност. Во изборот на храната, тие сакаат да експериментираат, па поради тоа нивниот појадок варира од месни производи до чоколадни пецива.

Бик

Биковите се познати по своето трпение и рационалност, но и по тоа што не бројат калории. Токму поради тоа, хороскопот им препорачува да се опуштат наутро и да уживаат во добри палачини или салата со јајца. Се препорачува здрава варијанта на палачинки.

Близнаци

Меѓу близнаците, според хороскопот, се кријат најинтелигентните луѓе. Брзо учат, преполни се со општи информации и постојано се во гужва. Токму поради тоа, неретко го прескокнуваат појадокот. Љубители се на солени вкусови, па по пат знаат да изедат некое солено пециво. Сепак, се препорачува во појадокот да додадат јајце.

Рак

Раковите се по својата природа грижливи и чувствителни луѓе, а кога станува збор за храната, познати се како играчи кои не ризикуваат. Избираат класични намирници и оброци. Тие не експериментираат, па вистинскиот избор за нив се палачинки со чоколадо или мед. Од здрави варијанти, би им се допаднале житариците.

Лав

За Лавовите се знае дека се великодушни, креативци и оптимисти. Во светот во кој живееме, тој став е тешко да се одржи па потполно ги разбираме зошто уживаат во тешката и масна храна, а голем дел од нив сака и пикантно. Нивниот здрав избор би бил појадок со јајца во комбинација со малку месо или сирење, но не треба да ве чуди доколку наутро наидете на Лав кој јаде тестенини или пикантна пица.

Девица

Иако се сметаат за одговорни и педантни личности, Девиците се прилично мрзеливи кога станува збор за подготвување на храна. Сепак, исклучително внимаваат на здравата исхрана. Тие две особини малку се контрадикторни, па затоа за Девиците изборот е мал. Нивните омилени опции се овошје или смуди.

Вага

Вагите се познати како исклучително друштвени личности. Уживаат во појадок со друштво, па затоа кафето наутро за нив е неизбежно. Кога станува збор за храната, опциите на Вагите се општоприфатени, како разни пецива со сирење.

Скорпија

Скорпиите се познати како осветољубиви, но посветени и страствени луѓе, а циметот е состојка која некако одговара со тие карактеристики. Иако во нивниот поширок избор влегуваат слатките пецива, особено оние кои содржат цимет.

Стрелец

Стрелецот со радост прифаќа и поддржува нови идеи. Токму затоа е отворен за слатки и солени рецепти со семки. Идеален појадок би бил пудинг со додатоци од овошје. Исто така, со задоволство би прифатил и омлет со семки.

Јарец

Јарците важат за многу практични и амбициозни личности. Освен што треба да биде лесен за подготовка, нивниот појадок мора да ги засити. Јарците немаат време за губење за ужина. Хороскопот им предложува комбинација од јајца со каша од банани и јаткасти плодови.

Водолија

Водолиите многу внимаваат што внесуваат во својот организам и склони се кон алтернативните облици на лекување и веруваат дека храната е лек. Логично е дека многу внимаваат на првиот оброк во денот. Преферираат овесни снегулки во комбинација со јогурт.

Риби

Рибите се интуитивни и срдечни личности, но кога станува збор за работата тие се неуморни и успешни. Не покажуваат особена склоност кон некоја храна па нивните избори варираат од крофни до овесни снегулки. За нив не претставува никаков проблем делењето на храната.