“Не троши премногу пари на чевли: Мажите и онака не ги гледаат чевлите туку нозете”, “Не дозволувај никој да те убеди дека си престара за нешто и секогаш биди во потрага по инспирација.”
Ова се некои од инспиративните совети за жените по 30-тата година:
- Запомни, твоот живот не е генерална проба… туку премиера!
- Прифати ги промените кои доаѓаат со годините. Биди своја.
- Годините се само бројка која не те одредува.
- Пронајди хоби во кое ќе уживаш. Тоа ќе ти помогне во промена на дневната рутина.
- Секогаш биди искрена кон себе. Тоа е можеби тешко, но ќе биде корисно.
- Заборави ги општествените стереотипи за староста.
- Не се грижи дека старееш, грижи се да не ти биде досадно.
- Никогаш немој да престанеш да бараш инспирација.
- Учи, читај, патувај.
- Купувај класична облека. Класиката е секогаш во мода.
- Престани да собираш се и сешто – ослободи се од бескорисните предмети.
- Цени ја својата убавина, секоја жена е убава на свој начин.
- Не комплицирај, држи се до едноставните работи.
- Сакај го своето семејство и однесувај се спрема нив онака како што би сакала да се однесуваат и тие кон тебе.
- Не постои совршено време за деца. Кога навистина посакуваш, тогаш е вистинско време.
- Научи вистински да простуваш.
- Внимавај кого сметаш за близок пријател. Немој да дозволиш погрешни луѓе да бидат меѓу нив.
- Чувај го своето семејство бидејќи тие ќе бидат туа за тебе секогаш и ќе ти помогнат без разлика на се.
- Никогаш не легнувај лута на себе или на некој друг.
- Кажувај им на блиските луѓе дека ги сакаш. Кажувај им го тоа често.
- Не троши време грижејќи се за работите кои не можеш да ги промениш.
- Грижи се за својата кожа и смеј се колку што можеш почесто.
- Верувај и на својата интуиција.
- Не говори лошо самата за себе. Дури не ни размислувај на тој начин.
- Не ставај се при срце.
- Не трагај по совршенство. Биди единствена.
- Дозволи му на детето во тебе некогаш да ти биде учител.
- Биди борбена. Научи се да бидеш снаодлива и самостојна.
- Не дозволувај стравот да те води низ животот.
- Секогаш труди се да напредуваш – ментално, физички и духовно.
- Не дозволувај некој да те убеди дека си престара за нешто, или премлада.