Категории

Што треба веднаш да направите ако ви го украдат мобилниот?

Доколку ви го украдат или пак го изгубите вашиот мобилен телефон, треба да имате на ум неколку работи. Најпрво треба случајот да го пријавите во полиција за да се лоцира украдениот уред.

Освен тоа можете и самите да си го заклучите телефонот за крадецот да не може да го користи.

За тоа треба да го знаете серискиот број на вашиот телефон. За да дознаете кој е тој, искуцајте *#06# и на екранот ќе ви се појави 15 цифрен број. Запишете го и чувајте го на сигурно место.

Доколку ви се случи да ви го украдат телефонот, повикајте го вашиот оператор, издиктирајте му го серискиот број и побарајте негово блокирање. Така блокираниот уред ќе биде сосема бескорисен дури и ако на него се промени сим-картичката.

Потоа продолжете да работите на лоцирањето на телефонот за што побрзо да го добиете назад.

Извор : Засе.мк

Прегледи:
364
Ознаки:
· ·
Објавено на:
28.01.2018