Категории

Што цртањето со различни раце открива за еден уметник

Igor Dobrowolski е современ уметник од Полска, кој преку цртањето се спознава себеси секојдневно, се’ подобро и подобро.

По долго време посветено на истражување на себеси и по многу психотерапевтски сесии, открил силни физиолошки фигури: Детето во себе, женственоста, тиранот и современикот.

Приметил дека како што дизајнирал или размислувал за нови дела, некои мисловни патишта го носеле на сосема друго место од некои други. Бар-рејлефите биле сосема различно замислени од скулптурите. Се запрашал себеси зошто е тоа така?

Сфатил дека дизајнира скулптури со женствената страна – во нив има емоции, грациозност и емоционален развој.

Една од најбитните откритија му била кога почнал да црта само со лева рака. Процесот бил екстатичен, не очекувал ова воопшто, но по неколку саати сликање со лева рака, тој лежел на подот, ги нишал нозете и јазикот му бил надвор, како дете. Ги заборавил времето и бариерите и буквално бил дете во тие моменти.

Тоа било многу моќно искуство за него и некој период почнал да твори само со лева рака.

Детето во себе: слики насликани со лева рака

 

 

 

 

 

Прегледи:
540
Објавено на:
28.10.2020