Категории

Си ја заборавил жената, се сетил после 100 километри.

Несекојдневна случка од Аргентинец, кој ја “напуштил“ сопругата на бензиска пумпа во Бразил.

Еден расеан Аргентинец ја заборавил спопругата на бензиска пумпа, но за работата за биде уште полоша, тој сватил дека “нешто не е во ред“ после поминати 100 км.

При враќањето од патување во Бразил, Самуел и Клаудија, брачни пар од Аргентина застанале на бензиска пумпа за тој да го наполни резервоарот и малку да се одмори. Откако наполнил бензин и отишол од тоалет, Самуел си го придолжил патот со автомобилот. Концентриран на сообрајќајот, не ни забележал дека Клаудија ја нема во колата. Самуел бил уверен дека неговата жена спија на задното седиште како што спиела пред да стигнат на бензиската станица.

 

Всушност, додека тој го полнел автомобилот со бензин, Клаудија се разбудила и одлучила да оди  до продавница и да купи нешто за јадење. За да се биде уште почудно, со нив бил и 14 годишниот син кој седел на совозачкото седиште и ништо не забележал што се случува бидејќи играл игри на мобилниот телефон.

Кога жената увидела дека сопругот и синот заминале без неа, Клаудија пробала да му телефонира на сопругот, но поради лошиот сигнал не успеала. “Напуштената“  сопруга на крај заминала во полициска станица каде почекала сопругот да се сети на неа. Но, тој тоа го направил по “само“ 100 км.

  • Кога после 2 часа тој се појавил, а жената почнала да го удира автомобилот од бес – раскажале полицајците.

Gas station at night