Категории

Симона Попоска – новото заштитно лица на Bellina.mk

По успешниот настап и промоција на минатогодишниот Моден Викенд во хотелот Мериот во Скопје, како и два исклучително успешни промотивни викенди во Скопје Сити Мол, еден од најбрзорастечките сајтови за онлајн продажба во Македонија Bellina.mk направи уште еден важен маркетиншки чекор, склучувајќи договор со познатата поп-пејачка Симона Попоска како ново заштитно лице на Bellina.mk.

„Особена гордост и чест ни е, да им го презентираме на нашата публика и на нашите верни потрошувачи, овој стратешки маркетиншки договор со Симона, како нашето ново заштитно лице.“ – изјави Кирил, коосновач на Bellina.mk. „Во иднина ќе продолжиме со исто темпо и ист интензитет да работиме на градењето на имиџот на нашиот млад бренд во Македонија, а истовремено ќе ја зацврстиме и продлабочиме соработката со нашите сегашни партнери.“ – продолжи тој.

„Приказната за Bellina.mk и нивното брзо и успешно пробивање на нашиот пазар како една од најуспешните онлајн продавници во Македонија, доста ме потсеќа на почетокот на мојата успешна кариера. Професионалноста, ангажманот и љубовта кон професијата се дополнителни атрибути кои не спојуваат, освен овој договор како нивно ново заштитно лице. Затоа ми претставува особена чест, да Ви ја најавам нашата соработка.“ – ни изјави Симона Попоска.

Прегледи:
553
Објавено на:
13.03.2017