Станува збор за кабина за пушење која содржи филтери кои го претвораат чадот од цигарите во чист воздух. Ова е првиот изум кој е развиен за да го реши проблемот на пасивните пушачи кои се загрозени од чадот од цигарите. Оваа кабина е проект на компанијата Southern Globe Corporation (SGC).
Се состои од трослоен систем за филтрирање кој бил развиен во Данска. Најпрво, чадот од цигарите поминува низ предфилтерот кој ги отстранува големите честички прав. Потоа HEPA филтерот ги отстранува малите честички од 0,3 микронии и третиот филтер кој функционира како маска N95 и филтер со активиран јаглен и ги отстранува миризбата и хемикалиите.
Откако ќе помине чадот низ овие три филтри, ослободува 99,95 % чист воздух во околината. Во оваа кабина можат да се сместат 10 пушачи. Прототипот кој го објавија претходно беше тестиран на околу 100 пушачи дневно.