Категории

#СиСедимеДома и читаме: 5 книги кои морате да ги прочитате ако досега не сте ги прочитале

Имаме прилично добра идеа како да се забавувате во овој период кога морате да останете во вашите домови. Една од тие идеи е да ги прочитате овие книги доколку досега не сте ги прочитале.

Познат американски сајт кој се занимава со книги bookbub.com ги замоли своите посетители да откријат кои се најдобрите книги што досега ги прочитале.

И покрај тоа што веќе сме во 21 век, се чини дека делата од минатиот, па дури и предминатиот век и понатаму сè најпопуларни.

Повеќето од нас прочитале некои од овие дела во старите денови, за време на средношколските денови, како задолжителен дел од лектирите.

Сепак, не се сите дела од овој список.

Така, на петтото место е познатата готска новела „Ребека“ од 1938 година, потпишана од британскиот писател Даме Дафне ду Мауриер.

На четвртото место е легендарниот роман, кој датира од 1868 година. Интересно е што тематиката со која се занимава на одреден начин е сè уште популарна и денес, е секако „Мали жени“ од Луиза Меј Алотот.

Третото место и припадна на незаменливата „Џејн Ејр“ од Шарлот Бронте.

На второто место е романот на американскиот писател Харпер Ли, кој своевремено ја доби и Пулицеровата награда „Да се убие птицата-подбивница“.

Првото место (изгледа засекогаш) и припаѓа на Џејн Остин и култниот роман „Гордост и предрасуди“.

Прегледи:
622
Објавено на:
23.03.2020