Категории

Сите гледале во неа: Се облекла во провидна чипка од глава до пети

Кајли Џенер пред два дена се појавила на модната недела во Њујорк, во едно од нејзините најпровокативни изданија досега.

Имено, 18 – годишната старлета која непрестано изненадува со своите провокативни модни комбинации, овој пат можеби се надмина самата себе. Младата ријалити ѕвезда за оваа прилика се облекла во проѕирен комбинизон од чипка, кој речиси ништо не ѝ оставил на имагинацијата.

 

@renellaice

A photo posted by King Kylie (@kyliejenner) on

За да покаже дека е сосема задоволна од својот изглед, Кајли објавила неколку провокативни фотографии од оваа модна комбинација на нејзиниот профил на Инстаграм, на кои добила многу лајкови од нејзините фанови и коментари дека изгледа фантастично.

@renellaice

A photo posted by King Kylie (@kyliejenner) on

Во чест на нејзините славни сестри, и Кајли Џенер нема проблем да ја покаже својата позадина. За да не остане покусо, нели? И на една од фотографиите на кои е сликана од блиску таа ни покажа дека, за разлика од нејзините сестри, облекла долна облека – иако, ако ја погледнете од далеку, сосема разбирливо би помислиле дека под чипката не носи ништо.

A photo posted by King Kylie (@kyliejenner) on

Инаку, додека траела ревијата, на сцената се појавило нејзиното момче, раперот Тајга, со настап – изненадување. Иако имаше приказни дека младите ѕвезди ја раскинале својата врска и дека Тајга има нова девојка, судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, тие и понатаму се заедно или Кајли според рецептот на нејзината постара сестра Клои за „одмазда со секси тело“, се појавила на настапот за да му покаже на поранешното момче дека изгледа подобро од било кога.

A photo posted by King Kylie (@kyliejenner) on

Starbucks tho

A photo posted by King Kylie (@kyliejenner) on

Прегледи:
441
Објавено на:
15.02.2016